Екипата на Жирона славеше убедливо со 4:0 на свој терен против Осасуна во натпревар во кој Миовски за првпат стартуваше во шпанската Ла Лига.
Миовски на теренот беше до 64. минута кога на негово место влезе Стуани. Во тој нешто повеќе од еден час македонскиот напаѓач одигра солидно и беше активен во играта на својот тим.
Учествуваше Миовски и во вториот гол кој го постигна Циганков. Македонскиот напаѓач уфрли од десната страна, а потоа по одбиената топка од играчот на Осасуна топката дојде до Украинецот кој ја смести во мрежата.
Преостанатите три гола беа дело на Брајан Хил, Адел Руиз кој постигна маестрален гол и Кристијан Стуани кој влезе на местото на Македонецот.