Пет големи ѕвезди на англискиот шампион Манчестер сити, сите првотимци кај „граѓаните“ ќе си заминат летово Пеп Гвардиола.
Последните информации од островот се дека Бернардо Силва, Жоао Кансело, Илкај Гундоган, Емерик Лапорт и Кајли Вокер ќе го напуштат „Итихад“ поради што се незадоволни од менаџерот Гвардиола.
За Гундоган веќе се најавува дека има договор со Барселона и дека на лето ќе замине на „Камп Ноу“, како слободен играч и ќе може бесплатно да направи трансфер. Останатите четворица ќе бараат трансфери, а јасна е политиката на Гвардиола дека не сака незадоволни играчи во тимот и дека ќе дозволи заминување.