Италијанската јавност ја налути и видеото кое се појави по натпреварот помеѓу Италија и Македонија (0:1), а го покажува хаосот во кој италијанските фудбалери ја напуштаат соблекувалната во Палермо.
„Не може да се очекува фудбалерите да ја напуштат соблекувалната во беспрекорна состојба, но ова е навистина одвратно. Откако ќе го погледнете ова ќе ви биде жал за персоналот на стадионот“, напиша Givemesport. На снимката се гледаат стотици пластични шишиња, марамчиња, крпи, остатоци од храна, па дури и догорчиња од цигари.
Леонардо Бонучи се осврна на ова прашање на прес-конференција одржана денеска во Коверчиано.
„Тоа беше голема грешка, следниот пат ќе посветиме повеќе внимание. Бевме многу разочарани и не обрнавме внимание на тоа. Во иднина такви работи нема да се случуваат. Се извинуваме.