Барселона во четврток оди на реванш со Манчестер Јунајтед во Лига Европа, а фудбалските шмекери со нетрпение го чекаат вториот дел од големото дерби. Пред седум дена двата ривали одиграа спектакуларен натпревар на „Камп Ноу“.
Стратегот на каталонците, Чави Ернандес за реваншот не ќе може да смета на неколку клучни фудбалери, но доби позитивна вест со враќањето на играчот од средниот ред, Серхио Бускетс.
Искусниот играч за врска отсуствуваше изминатите недели поради повреда, неодамна се врати на тренинзите, и сега ќе биде во комбинација за натпреварот на „Олд Трафорд“.
Чави неможе да смета на повредените Дембеле и Педри, додека пак Гави е суспендиран и исто така ќе го пропушти реваншот.
Првиот натпревар заврши со резултат 2:2.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1628312644707917824?s=20