Французинот Оливие Жиру во 62-та минута го сруши Торино со гол доволен „росонерите“ да дојдат до победа и да го вратат победничкиот дух пред првиот меч од осминафиналето во ЛШ. Во вторник се домаќини на лондонски Тотенхем во пресметката за четвртфинале.
Милан со победата сега дојде до 41 бод, привремено на третото место, со два помалку од Интер, бод пред Лацио, два пред Рома, а три пред Аталанта, но сите ривали во трката за ЛШ за идната сезона викендов ќе ги играат своите мечеви.
За Торино ова беше осми пораз сезонава и остана на 30 бода на седмо место на табелата.