Кадиз со 2-0 ја победи Жирона во 21-то коло во Ла Лига, па за момент избега од опасната зона и ова беше нивни трет тирумф во последните шест меча.
За едно полувреме, Кадиз даде два гола со кои ги освои трите бода. Во шестата минута, Ескаланте погоди за водство (голот ТУКА), а Гвардиола во 34-та ја дуплира предноста (голот ТУКА). Во вториот дел успеаа рутински да го приведат натпреварот за сигурен триумф.
Кадиз со оваа победа сега стигна до 22 бода на 15-то место, но допрва Еспањол и Севилја (по 21 бод), како и Валенсија која е прва во опасната зона (20 бода) треба да ги играат своите мечеви од ова коло.
Жирона го запиша деветиот пораз и остана на 24 бода, засега на сигурното 11-то место.