Германскиот стратег Ханси Флик веќе е промовиран како нов тренер на Барселона од илјадници светски медиуми, а во следните денови се очекува управата на клубот да го прекине молкот и официјално да потпише договор.
Каталонците се во финансиски проблеми, поради што претпазливо ги водат преговорите со наследникот на Чави, со цел да не дојдат во ситуација да исплаќаат големи отштети во случај на прекин на работата.
Флик, неофицијално, би имал годишна плата од три милиони евра, што е ептен скромно во фудбалскиот свет, но ќе има големи бонуси за остварени успеси. Според „Ас“, тој би можел да заработи уште толку ако на „Камп Ноу“ ги донесе пехарите од Ла Лига, Купот на кралот и од Лигата на шампионите.