Денешниот противник и аутсајдер барем на хартија Малта не би требало да претставува проблем. Македонија има пет победи во шест меча, но тоа не значи ништо зашто е минато, исто како и големите победи и успеси во изминатиот период, во фудбалот секој натпревар е нова приказна.
Во денешниот фудбал нема фаворити, а само теренот е место за докажување, а македонските репрезентативци не ни помислуваат да ги потценат Малтежаните.
Се очекува селекторот Милевски на арената Тодор Проески да излезе со офанзивна формација, која треба да оствари триумф против Малтежаните.
Дербито на стартот на оваа „група на смртта“ секако ќе биде Италија – Англија во Неапол, како реприза на евро-финалето од „Вембли“ во јули 2021 година. Украина во ова коло е слободна, а во следното во недела, Македонија е слободна кога Италијанците ќе ѝ гостуваат на Малта, а Англија ја дочекува Украина.