Актуелниот шпански првак Реал Мадрид постигна убедлива победа (4-2) над екипата на Севилја во Примера и успеа да го прескокне досегашниот лидер Барселона, која сега се наоѓа на третата позиција на табелата. „Кралевите“ заостануваат само бод зад лидерот Атлетико Мадрид.
Килијан Мбапе донесе водство за Реал уште во десеттата минута со проектил од шеснаесет метри, а на асистенција на Родриго, а Феде Валверде испрати вистинско торпедо од далечина од преку 25 метри и стрелаше за 2-0 во 20-та минута. Третиот гол беше дело на бразилецот Родриго. Севилја го намали резултато преку Ромеро. Истиот играч во продолжение ја погоди стативата од голот на Куртоа.
Брахим Дијаз на почетокот на второто полувреме зголеми на 4-1, а конечниот резултат го постави Лукебакио со гол во 86.минута.
На овој натпревар од активно играње се прости играчот на Севиља, легендарниот Хесус Навас, кој влезе на теренот на „Сантијаго Бернабеу“ во 65.минута и асистираше до Ромеро, кога ја погоди стативата.