Марио Илиевски имаше асистенција за гол за екипата на ЦСКА 1948 во натпреварот против актуелниот бугарски шампион Лудогорец.
Домашниот тим ЦСКА не успеаа да направи изненадување и го загуби овој дуел со 3-1. Македонскиот напаѓач Илиевски влезе во игра од 83 минута, а во судиското продолжение беше главен фактор и асистираше за единствениот гол на софискиот клуб кој го постигна Кирилов.
За Марио и тимот на ЦСКА ова беше втор пораз по ред, но од ривали од највисоко ниво, и тоа водечките на табелата Лудогорец и Левски.
Наредниот противник за ЦСКА 1948 е Берое на 11 април.