Француски Брест објави дека ќе гради нов супер стадион, кој во Франција е прогласен за архитектонско чудо и ќе вреди 85 милиони евра со капацитет од 15.000 гледачи, но тоа што е најважно е дека – стадионот е отпорен на ветер.
Изградбата треба да почне во 2024 година, а треба да заврши во 2026 година и специфично е тоа што ќе се гради по стандарди со кои изгледот на стадионот ќе биде таков да гледачите не чувствуваат дека надвор дува ветер, а притоа станува збор за стадион кој не може да се претвори во сала со подвижен кров.
Инаку Брест игра на сто години стар стадион „Де Л’Арморикан“ со капацитет од 16.000 гледачи, изграден во далечната 1922 година, кој беше реновиран пред 12 години.