Но, дури и тогаш имаше „неверници“ кои предупретуваа на тотално спротивно сценарио и гледано 365 дена подоцна – излегоа во право. Зад „ѓаволите“ е една од најлошите резултатски сезони во историјата, а ситуацијата со најпопуларниот фудбалер е ужасна, со оглед што Португалецот изминативе месеци ги мина во обиди присилно да си замине од „Олд Трафорд“.
Со оглед на тоа што го прикажа на теренот, не е ни чудо што сака да си замине, бидејќи не беше ниту сенка од фудбалерот кој освои пет „Златни топки“ и кој талентираниот тим на Јунајтед го врати два чекори наназад. Кога на ова ќе се додаде и лошата енергија што ја прави во соблекувалната, тогаш слободно може да се каже дека екипата од Манчестер стана роб на егото на Кристијано Роналдо.
Анализата на проблемот наречен „Кристијан Роналдо“ може да ја прочитате ТУКА.