Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски бил ограбен пред денешниот тренинг додека се дружел со навивачите на Барселона, откриваат медиумите во Шпанија. Напаѓачот застанал со својот автомобил да се фотографира со навивачите. Во тој момент крадците насилно му одзеле часовник вреден 75.000 евра и побегнале.
Левандовски се обидел да ги фати, изјавија сведоци за Мундо Депортиво, но не успеал во својата намера. Подоцна крадците биле пронајдени од каталонската полиција, а часовникот наводно бил сокриен под дрво.