Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе е разочаран од раководството на гигантот затоа што не му биле исполнети ветувањата.
Бразилски „ТНТ Спорт“ објави дека во клубот од Париз владее драматична атмосфера, која кулминираше по мечот меѓу ПСЖ и Монпелје.
Нејмар и Мбапе на мечот се скараа за тоа кој да изведува пенал, а раководството на тимот потоа ги повикало на состанок на кое се смириле односите.
„Моќта која му е доделена ги вознемири некои фудбалери во ПСЖ. Мбапе се чувствува во моментов како да е отфрлен од екипата. ПСЖ во новиот договор му вети некои работи на Мбапе, кои не беа исполнети. Тој требаше да биде изведувач на пенали, а Нејмар го спречи на дуелот со Монпелје“, открива извор близок до клубот.