Англискиот премиерлигаш Челзи сака да го засили нападот со фудбалерот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг. По заминувањето на Тимо Вернер и на Ромелу Лукаку, менаџерот Томас Тухел би сакал да добие квалитетен напаѓач кој може да игра во тандем со Каи Хаверц.
Челси го направи првиот конкретен чекор и испрати понуда вредна 27 милиони евра за Габонецот.
По доаѓањето на Левандовски и на Рафиња, јасно е дека минутажа на Обамејанг на „Камп Ноу“ нема да биде максимална, па тој би можел да се врати во Премиер – лигата, каде во минатото го носеше дресот на Арсенал