Тој во изминатиов период напорно тренираше за да физички ги стигне новите соиграчи, па веќе е на посакуваното ниво ако се суди по последната одлука на тренерот Жорже Жезус. Имено нашиот ас се најде на листата на повикани играчи за денешната пресметка против Австрија Виена во квалификациите за групната фаза на Лигата на Европа.
Средбата се игра вечерва во Виена со почеток од 21 часот, па останува да се види дали популарниот Џани ќе ги запише првите минути во дресот на Фенербахче.