Голманот на Јувентус, Војчех Шчесни е херој на полската репрезентација која е 24. последен учесник на Европското првенство во Германија.
Во последниот натпревар од плејофот, Полјаците како гости во Кардиф го совладаа Велс со 5-4, по подобро изведување пенали откако по 120 минути игра немаше голови. Првите девет изведувачи беа максимално сигурни, а Шчесни го одбрани ударот на Даниел Џејмс во петтата рунда.
На Европското првенство, Полска ќе биде дел од групата Д каде се репрезентациите на Холандија, Австрија и Франција.