Изразот „ја скина мрежата“ се користи како опис за многу силен удар по кој голманот немал ама баш никакви шанси да интервенира и да го одбрани голот.

Меѓутоа сега фудбалерот на Расинг Кордоба, Емануел Хименез во буквална смисла ја скина мрежата и ја направи партали. После изведениот пенал во купот на Аргентина против Сан Лоренцо, Хименез остави дупка во мрежата.Ова многу ретко се случува на фудбалските терени, но ете и тоа се случи.