Фудбалската репрезентација на Турција ја совлада Грузија со 3:1, а натпреварот го обележи спектакуларниот гол на Арда Ѓулер за кого тоа беше прв на европските првенства.
Ѓулер при резултат 1:1 го постигна веројатно најубавиот гол досега на првенството и така донесе воодушевување кај турските фанови на „Сигнал Идуна Парк“.
Овој гол донесе и голема еуфорија кај турскиот коментатор кој го коментираше преносот од стадионот за платформата „БПТ“. Во моментот кога топката заврши во мрежата по ударот на Ѓулер, коментаторот изгуби контрола и падна во транс.
https://twitter.com/i/status/1803138748294574188