Златан Ибрахимовиќ објави видео од шест секунди со две фотографии на Инстаграм и достигна речиси 800.000 лајкови во првиот час. Заедно со тие две фотографии, напаѓачот на Милан и шведската репрезентација само накратко напиша: „Осмели се, Златан“.

На првата фотографија се гледа мало момче кое седи во играчка-ракета како што може да се види во забавните паркови, на втората Златан како возрасен маж зад воланот на скап автомобил. Двете фотографии ги воодушевија следбениците на шведскиот фудбалер.