Натпреварот помеѓу  Холандија и Франција заврши без голови на Европското првенство во Германија и е прв на кој љубителите на фудбалот немаа можност да видат гол.

Најмалку се очекуваше мрежите да не се тресат на дуелот меѓу Холандија и Франција, репрезентации со исклучително голем напаѓачки потенцијал и кои во своите редови имаат фантастични фудбалери. Вечерва го немаше Килијан Мбапе кој поради скршен нос не доби минутажа, но останатите фудбалери не ги оправдаа очекувањата од фановите.

Антоан Гризман ги имаше најдобрите шанси за гол, два пати беше во зицер ситуација, по еднаш во првото и второто полувреме, но топката не го сакаше. Холандија преку Чави Симонс постигна гол во вториот дел, но беше поништен поради офсајд позиција во која се најде Рејндерс.

 

Со оглед на ситуацијата во другите групи, многу веројатно со ова реми двете репрезентации обезбедија пласман во осминафиналето, без оглед на исходот на натпреварите во последното коло. Во него, Франција игра со Полска, а Холандија со Австрија и тие два меча ќе послужат да се распоредат репрезентациите на табелата.