Аталанта со 3-1 го совлада Кремонезе на негов терен и останува во борбата за место кое води во Лигата на шампионите.

Тимот на Гасперини успеа да ги освои трите бода од гостувањето кај Кремонезе и ја продолжува битката за топ четири.

Резултатот беше отворен пред самиот крај на првото полувреме кога Де Рон донесе водство за Аталанта од 1-0.

По десет минути игра во вториот дел Киофани од пенал го изедначи резултатот на 1-1.

Во 73. минута Бога ја врати предноста за Аталанта, а во третата минута од судиското продолжение Лукман ги постави конечните 1-3.