Унион Берлин, Мајнц и Баер Леверкузен запишаа убедливи и идентични победи со по 3-0 во 26-то коло. Вечерва ќе го одбележи дербито за титула помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд од 18.30 часот.
Мајнц со 3-0 го демолира РБ Лајпциг со гол на Ингвартсен во првиот и Ажорке и Кор во вториот дел, додека Баер Леверкузен со ист резултат го потопи Шалке и тоа со три гола во вториот дел, а Фримпонг, Вриц и Азмун во судиското надополнување погодија по еднаш за победа на „фармацевтите.
Унион Берлин за 17 минути даде три гола во вториот дел во победата над Штутгарт и се зацврсти на третото место во трката за пласман во ЛШ, Бекер, Бехранс и Харагучи со автогол беа стрелци за берлинците.
Волфсбург и Аугсбург ремизираа 2-2, а Фрајбург против Херта одигра нерешено 1-1.
Унион Берлин со 51 бод сега има четири пред Фрајбург, а шест пред РБ Лајпциг, но Ајнтрахт со 41, Мајнц и Баер Леверкузен со 40 сега уште повеќе ја заоструваат трката за местата во Европа во завршницата од сезоната.