Данил Медведев сите три меча во својата група ги доби по одиграни три сета и по триумфот над Синер нагласи дека ќе биде добро ако работата ја заврши порано во полуфиналето, нешто што се случи ова попладне во Торино.
Во првиот меч од саботната полуфинална програма на завршниот Мастерс турнир, рускиот тенисер покажа класа и самодоверба кое во овој момент е неколку нивоа над она на Каспер Руд, па доста рутински се пласираше во финалето на турнирот.
Медведев триумфираше со 6:4 и 6:2 во меч кој траеше 80 минути, по што го завери својот билет во големото финале кое ќе се игра утре во италијанскиот град.
Тоа значи дека Данил во финалето ќе ја брани титулата која ја освои минатата година на турнирот кој за последен пат се одигра во Лондон, а од годинава се игра во Торино.
Противник на завршниот меч ќе му биде подобриот од второто полуфинале кое се игра вечерва, во кое силите ќе ги одмерат Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев.