Еден од најпознатите германски весници „Билд“ објави дека Штутгарт сега е расположен да преговара за трансфер на Чурлинов и сега на потег е Шалке да ги задоволи барањата на „швабите“ за да го добие Чурлинов веројатно на перманентен договор.
Македонскиот репрезентативец има договор со Штутгарт до 2024 година откако во овој клуб дојде од Келн. Сезонава Чурлинов има два гола и пет асистенции и беше еден од клучните фудбалери во завршницата за камбекот после само една сезона во германската елитна Бундеслига.