Барселона како гостин го прегази непоразениот Виљареал, и ја оствари шестата победа во низа во Примера.
Тоа беше уште една моќна партија на тимот предводен од Ханси Флик, кој во ниту еден момент не му даде шанса на противникот, а во исто време беше и омилен на судијата во ВАР собата. Роберт Левандовски со головите во 20-та и во 35-та минута го најави триумфот на Каталонците, а полскиот репрезентативец имаше шанса за хет-трик, но во вториот дел промаши пенал. Домаќинот преку Ајозе Перез во 38. минута го намали резултатот, но Пабло Торе шест минути подоцна повторно ја врати убедливата предност, која потоа беше зацементирана со двата гола на Рафиња во 75. и во 83. минута. На „жолтата подмирница“ ѝ беа поништени дури три гола на оваа средба, сите поради офсајд по реакција од ВАР собата.
Барса со овој триумф останува максимална на врвот на табелата со 18 бода од шест меча, четири повеќе од вечниот ривал Реал Мадрид.
Лошата вест за Барса од овој дуел е тешката повреда на капитенот Тер Штеген кој на носилки беше изнесен во финишот на првиот дел. Се работи за проблем со коленото и првите вести се дека може да паузира од 7 до 9 месеци.
ТУКА можете да ги погледнете најважните моменти од вечерашниот меч.