Астон Вила постигна нова победа, продолжувајќи ја очајната резултатска серија на Манчестер Сити триумфирајќи со 2-1 (1-0) над актуелниот шампион.
Фудбалерите на Емери беа супериорни на теренот, постојано беа во офанзива, Сити имаше проблеми во дефанзивата, а тоа вроди со плод уште во 16. минута, за Џон Дуран да донесе водство за Астон Вила.
Во вториот дел домаќинот ја потврди победата со голот на Морган Роџерс, кој беше прецизен во 65. минута. Грогираниот Сити немаше одговор за мотивираната игра на Вила, иако до крајот успеа да постигне почесен гол преку Фил Фоден во последните секунди од дуелот.
Астон Вила го прескокна денешниот ривал на табелата и сега има 28 бода, додека Сити го доживеа шестиот пораз и е со бод помалку на шестата позиција.