Интер Мајами го доби реванш дуелот против Лос Анџелес (3-1) и ја анулира негативата од првиот натпревар и обезбеди пласман во полуфинале на КОНКАКАФ Купот на шампиони. Лео Меси имаше одличен натпревар и беше лидер на Мајами да стигне до победата.

 

Поведоа гостите преку Арон Лонг во деветтата минути (0-1). Набрзо му беше поништен гол на Меси и тоа од слободен удар, од причина дека судијата не дал знак за играта да продолжи. Сепак аргентинскиот ас четири минути во 35. подоцна го израмни на (1-1).

Меси асистираше до Ален за пресврт (2-1), а капитенот на Интер Мајами го реализира и пеналот во 84. минута за конечна победа.

Во полуфиналето на ова натпреварување Интер Мајами го очекува двомеч со Ванкувер Вајткепс.