Португалија ги постигна двата гола во првото полувреме, и тоа во период од 33. до 38. минута, а беа дело на Кансело и Гуедеш (2-0).
Чешка имаше свои шанси, но не постигна гол и го запиша првиот пораз по три одиграни меча во групата 2 од Лигата на нации.
Шпанија остана во трката за првата позиција во групата 2, откако ја реши Швајцарија со погодокот на Сарабија во 13. минута, по што домаќините се обидоа да дојдат до реми, но сепак мораа да се соочат со третиот пораз.
Португалија е прва со седум бодови, односно два повеќе од Шпанија. Трета е Чешка со четири бода, а Швајцарија е последна без бодови.