Бугарските фудбалери запишаа уште еден срамен резултат, откако вечерва на гостувањето кај Гибралтар освоија само еден бод (1-1) во третото коло од Лигата на Нации.

Бугарија беше фаворит во средбата, а отпорот на домаќините го скрши Георги Минчев во првата минута од судиското надополнување на првиот дел.

Во второто полувреме Гибралтар доби пенал во 61. минута, а без проблеми го реализираше Лиам Вокер и му донесе бод на домаќинот.

Грузија е прва во групата со девет бодови, по што следи Македонија со четири, два има Бугарија, а Гибралтар е последен со еден бод.

https://twitter.com/LOAPbettingexp/status/1534982363976974336?s=20&t=lvbJNhiHjLgAlnMOoOYWjw