Српската фудбалска репрезентација ја постигна втората победа во низа во Лигата на нации. Србија победи на гостувањето кај Шведска со 1:0. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Лука Јовиќ. Напаѓачот на Реал Мадрид погоди од пет метри во судиското продолжение на првото полувреме. Јовиќ постигна гол на два последователни натпревари за Србија.
Словенија и Норвешка одиграа 0:0. Во групата 1 од Лигата на нации Б води Норвешка со седум бодови, втора е Србија со шест бодови, трета Шведска со три, а последна Словенија со само еден бод.