Кристијано Роналдо повеќе не е крал на Лигата на шампионите – четворица од Реал сега имаат по шест титули. Доминацијата на Реал Мадрид во Лигата на шампионите последната деценија донеседо тоа четворица актуелни фудбалери на овој тим да се искачат на чело на листата на играчи со најголем број титули во елитното европско натпреварување, не сметајќи го Купот на европските шампиони каде рекордер е уште еден екс-играч на Реал – Пако Генто.
Станува збор за Лука Модриќ, Дани Карвахал, Начо и Тони Крос кои од денеска се со шест трофеи во Лигата на шампионите. Разликата меѓу нив е во тоа што Начо, Модриќ и Карвахал сите свои титули ги освоија со Реал, додека Крос дојде во тимот во 2014 година, па пет има со „кралскиот клуб“, а една со Баерн Минхен каде играше претходно.
Зад нив остануваат уште тројца сегашни и поранешни фудбалери на Реал – Лукас Васкез, Кристијано Роналдо и Карим Бензема. Пред шест години Португалецот беше единствен со пет трофеи во Лигата на шампионите, а потоа одлучи да си замине од „Бернабеу“ и сега им гледа во грбот на Модриќ, Карвахал, Начо и Крос.