Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ја објави првата фотографија од својата новородена ќерка.
Близнаците се родија во понеделникот, кога познатиот фудбалер ја објави тажната вест дека неговиот син починал на породување.
“Доме сладок доме. Георгина и нашето девојче конечно се со нас. Сакаме да им се заблагодариме на сите за нивните убави зборови и гестови. Вашата поддршка е многу важна и сите ние ја чувствуваме љубовта и почитта што ја имате за нашето семејство. Сега е време да бидеме благодарни за животот што штотуку го добивме“, напиша Кристијано во објавата со насмевки од членовите на семејството.