Пари Сен Жермен мора да заработи 100 милиони евра во зимскиот преоден рок за да ги испочитува правилата на финансискиот фер-плеј и на тој начин да избегне казна.
Француските медиуми наведуваат дека најголемото име кое би можело да го напушти Париз е Мауро Икарди.
Аргентинскиот напаѓач е желба на торински Јувентус.
Рафиња оди на позајмица во Реал Сосиедад, а француската престолнина ќе ја напуштат и Јулијан Дракслер, Абду Диало, Тило Керер, Лавин Курзава и Серхио Рико.
Од друга страна, ПСЖ сака да го задржи левиот бек Нун Мендеш, кој оваа сезона настапува како позајмен играч за Спортинг Лисабон во Париз.