Американскиот боксер Дени Кели Јуниор е убиен од огнено оружје во американската сојузна држава Мериленд.

Кели и неговото семејство отишле на божиќната прослава во Темпл Хилс, а боксерот бил застрелан од непознат сторител кој бил во автомобилот зад боксерот, јавуваат американските медиуми.

На пукањето во кое беше убиен 30-годишен боксер сведочела неговата девојка и трите мали деца на возраст од четири до девет години.

– Ова е загуба која боли многу и го крши срцето на семејството на господинот Кели и неговите пријатели, изјави Дејвид Блејзер од полицискиот оддел кој се занимава со оваа истрага.

Потрагата по сторителот се уште е во полн ек и нема индикации за мотивот за ова страшно злосторство. Полицијата нуди награда од 25.000 долари за информации кои ќе доведат до апсење и покренување обвинение за пукањето.

Во 14 професионални борби, Кели имаше резултат 10-3-1, со девет нокаути и беше високо ценет боксер.

Професионалната кариера на убиениот боксер започна во 2012 година, а последниот меч му беше во 2019 година.

https://twitter.com/hobodreamer/status/1475327955891113990?s=20