Лидерот во Премиер лигата и најверојатно новиот англиски првак Ливерпул претрпе сензационален пораз од екипата на Фулам со 3-2 и пропушти да ја зголеми предноста на врвот на табелата во однос на Арсенал кој вчера одигра нерешено со Евертон.
Мекалистер со гол го доведе Ливерпул во водство во 14 минута од дуелот, но до крајот на првиот дел домаќините направија целосен пресврт, постигнувајќи три голови. Сесењон беше стрелец за 1-1, а потоа Ивоби погоди десетина минути подоцна за комплетен пресврт.
Нигерискиот напаѓач му асистираше на Родриго Муниз за третиот гол на Фулам. Во вториот дел видовме само еден гол кој го постигна колумбиецот Луис Диаз за конечни 3-2.
Тотенхем го победи Саутемптон со 3-1, кој испадна од Премиер – лигата, додека Брентфорд и Челси одиграа реми без голови.