Челси ја постигна втората победа во низа во Премиер лигата, но и втор натпревар во кој не прими гол. „Сините“ во првиот натпревар од петтото коло во Премиер лигата беа подобри од Вест Хем со 0-3.
Кудус ја имаше првата шанса на натпреварот, но веќе во наредниот напад на спротивната страна Николас Џексон погоди и уште во четвртата минута донесе предност за гостите.
Се играше 18. минута кога истиот играч повторно ја затресе противничката мрежа за 0-2.
До крајот на првиот дел Челси создаде и уште некоја прилика, а свои шанси имаше Вест Хем, сепак резултатот не се промени.
Само што започна вториот дел во 47. минута по двата гола Џексон запиша и асистенција, додека Палмер стрелаше за 0-3 и убедлива победа на лондонските сини.