Македонскиот поранешен фудбалски репрезентативец Александар Трајковски е „џокерот“ на Гатузо, бидејќи  со гол во 98-та минута спречи болен пораз на Хајдук на домашен терен.

Уште еден момент го одбележа натпреварот на „Пољуд“, а тоа дефинитивно е голот кој го постигна Фран Карачиќ.

Локомотива се погрижи за „студен туш“ во Сплит во судиското продолжение од првото полувреме

Капитенот Карачиќ изведе спектакуларен слободен удар и донесе водство за Локомотива пред самиот крај на првиот дел.

Оваа мајсторија коментаторот на „МаксСпорт“, ова ремек-дело го спореди со она на Деклан Рајс против Реал.

Нашиот Александар Трајковски блесна во вистински момент и му донесе важен бод на Хајдук Сплитарот против Локомотива Загреб (1-1). Македонскиот напаѓач постигна гол со глава во последните секунди од дуелот, во 98.минута, спасувајќи го од пораз својот тим.

Голот на Карачиќ од слободен удар…