Реал Бетис минимално со 1-0 ја победи Мајорка и го одржа чекорот со Реал Сосиедад за место кое води во Лигата на шампионите.

Единствениот гол е постигнат во второто полувреме кога Сабали шутираше, Иглесиас го смени правецот на движење на топката и таа заврши во мрежата на Мајорка за водство и победа на Бетис од 1-0.

Бетис до крајот на мечот рутински го контролираше водството и на крајот заслужено дојде до многу важна победа.

Сега е на петтото место со 45 бода, исто колку што има и Реал Сосиедад, но тие имаат и меч помалку.