Наполи оствари убедлива победа од 4-0 на гостувањето кај Торино и има 21 бод пред Интер кој допрва го игра натпреварот од ова коло, Елиф Елмас одигра половина час.
Наполитанците ја најавија победата уште во деветтата минута кога по асистенција од Зиелински, Осимен погоди со глава за 1-0.

Во 35. минута Кварацхелија постигна гол од пенал за 2-0.

По шест минути игра во второто полувреме Осимен го постигна својот втор гол за 3-0. А конечните 4-0 ги постигна Ндомбеле во 68. минута.

Елмас во игра влезе во 65. минута од натпреварот.

Во вториот дуел кој се играше од 15 часот, Фиорентина со 1-0 го совлада тимот на Лече.