Реал во осминафиналето од загубена ситуација успеа за 17 минути со хет-трик да го урне ПСЖ и да го елиминира, од 0-3 на десет минути пред крајот со Челси успеаа да се изборат за продолжение, а потоа и елиминација на европскиот првак, а денеска по 11 минути тргнаа со два гола негатива, трипати ја бркаа истата и на крајот се изборија за достижен еден гол во пресметката со еден од најголемите фаворити за круната.
„Овие фудбалери покажаа дека не губат глава кога работите се најтешки и најсложени. Првите 20 минути ни беа ужасно тешки, но потоа полека, чекор по чекор, се вративме во мечот и го оставивме полуфиналето отворено. Како љубител на фудбалот, како навивач на оваа игра, ова беше меч за уживање за секого. Еден фантастичен фудбалски меч, а ние лошо тргнавме со два негатива многу рано, но од Манчестер носиме три гола на ‘Бернабеу’ и сега се надеваме дека ќе играме во финале“, рече Анчелоти.