Ракометарите на Нексе во првиот четвртфинален натпревар од Европската лига, го победија данскиот ГОГ Гудме со 32:27 (16:14). Хрватскиот тим кој во осминафиналето го совлада битолски Пелистер овој пат покажа квалитет против данскиот претставник.
Најдобар стрелец кај Нексе беше Халил Јагањац со девет гола, а Предраг Вејин и Фахрудин Мелиќ додадоа по шест гола. Од другата страна прво име беше Џери Толбринг со седум гола.