Џа Морант продолжува да ја радува кошаркарската јавност. Морант ги постигна решавачките поени во петтиот плејоф натпревар меѓу Мемфис и Минесота. Со резултат 109:109 и 2:2 во серијата, кошаркарот на Мемфис ја прими топката, се упати кон кошот и положи за победа.
Со овој потег му донесе предност на Мемфис во плеј-офот, но уште еден негов потег уште повеќе ја воодушеви јавноста. На крајот од третата четвртина го имаше најбруталното забивање во плеј-офот досега.
Малик Бисли храбро се намести и се обиде да добие фаул во нападот, што ќе беше четврти личен за Моранта, но не успеа. Морант го собори и тоа беше пресврт во играта, по што домашните играчи со поддршка од трибините почнаа да прават пресврт за 3:2 во серијата.