На островот се одигра спектакуларен натпревар со многу голови, но патникот за финале во ЛШ, сепак ќе го дознаеме во реваншот во Мадрид. Манчестер сити го победи Реал Мадрид синоќа со 4-3 во првото полуфинале од титанската пресметка, во спектакуларниот меч, кој го понуди најубавото од фудбалот, чист, технички маестрален, седум гола, дузина шанси, супер акции…
Но, урнебесна е реакцијата на Пеп Гвардиола во десеттата минута од вториот дел кога Винисиус Жуниор мајсторски го изигра Фернандињо, па претрча половина терен за да даде гол. Трофејниот тренер и еден од најдобрите на денешницата уште од прв момент се фати за глава и знаеше што следи – Сити ќе прими гол. Само две минути откако вторпат дојдоа во водство од два разлика.
https://twitter.com/utdz0ne/status/1519049060132524032?s=20&t=E6Y54iGsvTzzeHCWa_HD0w