Португалската ѕвезда Бернардо Силва даде еден од четирите гола, последниот за Манчестер сити во победата со 4-3 во спектакуларната вечер против Реал Мадрид во првото полуфинале во Лигата на шампионите.

Сити на трипати имаше предност од два гола, но Реал успеваше да се врати за да го дочека идната среда реваншот со лесно достижни гол негатива во оваа титанска пресметка против Пеп Гвардиола и извонредните „граѓани“.

„Победа си е победа, ние победивме сепак и нашите навивачи треба да бидат горди на нас за тоа што го направивме. Можевме и повеќе шанси да реализираме, но севкупно кога ќе се земе ова беше еден голем меч од наша страна. Посебно првите 20 минути ни беа извонредни, бевме добри, игравме пресинг, го контролиравме мечот. Но, сепак ова е Лига на шампиони, играте против најдобрите клубови и жал ми е што не успеавме да ја одржиме предноста од два гола, но…“, рече Силва.