Младиот талентиран апаѓач Ансу Фати, кој игра како позајмен од Барселона во Брајтон, повеќе не ја исклучува можноста трајно да се раздели со шпанскиот гигант. Фати избра да се пресели во англискиот тим во текот на летото за да игра редовно.
За Брајтон од почетокот на сезоната има постигнато три гола на десет натпревари.
За младиот шпански репрезентативец се заинтересирани и клубови од Саудиска Арабија, но тој во моментов сака да остане во Европа, тврди каталонскиот весник „Спорт“.
Раководството на Барса сѐ уште не ја исклучува опцијата за продажба на фудбалерот кој повеќе не изгледа како клучен за иднината на тимот. Останува големата желба на Ансу Фати да се докаже во каталонскиот клуб, но исто така тој е подготвен да ги ислуша сите понуди од други клубови.