Актуелниот шпански првак Реал Мадрид не искористи уште една прилика да ја престигне Барселона на табелатата, не победи на натпревар на кој успеа да направи неверојатен пресврт и постигна три гола во низа.

Стадионот „Валјекас“ во мадридското предградие стана неосвоива тврдина за „кралскиот клуб“ во последните неколку години, а тоа се покажа и на овој дуел кадеактерите приредија вистинска фудбалска рапсодија зачинета со шест голови.

Рајо Валјекано тргна офанзивно во малото градско дерби и со голот на Лопез во 4-та минута дојде во водство, за Мумин во 36 минута да зголеми на 2:0. Рајо играше одлично, се чинеше дека големиот фаворит е нокаутиран, но фудбалерите на Реал како да се пробудија па следуваш блиц криг и во само неколку минути со два гола го изедначија резултатот. Најпрвин уругваецот Феде Валверде постигна маестрален гол од далечина.

Тој со силен шут погоди за 2:1 и го врати фаворитот во игра, а до крајот на полувремето Реал изедначи на 2:2, а по една нафрлена топка, стрелец беше Џуд Белингам кој со удар со глава го совлада домашниот голман.

Англичанецот ја потврди извонредната форма, постигнувајќи гол на шести натпревар по ред во Ла Лига, а тоа му помогна на Реал да тргне фуриозно и во второто полувреме.

Во вториот дел Реал направи комплетен пресврт. Иницијативата резултира со гол на Родриго за 2:3, се доби впечаток дека Реал ги стави работите под контрола, но фудбалерите на Рајо покажаа дека нема предавање.

По еден шут на Лежен од слободен удар, Иси Палазон беше најснаодлив и го изненади Куртоа за 3:3 по 62- минути игра, а иако преостануваше уште повеќе од половина час за игра, и двете екипи имаа шанси, сепак резултатот остана непроменет.

Само головите погледнете ги ТУКА.