Аталанта ја совлада Сампдорија со 2-0 и стигна до четвртото место на табелата во Серија А. Тимот од Бергамо беше подобар и дојде до водство со голот на Јоаким Маеле во 42.минута.
Во вториот дел Адемола Лукман во 57.минута ја зголеми предноста на Аталанта и го скрши отпорот на тимот од Џенова, што го предводи Дејан Станковиќ.