Манчестер Јунајтед го победи Ридинг со 3-1 и се пласира во осминафиналето на ФА купот на Англија. „ Црвените ѓаволи“ во првиот дел не пронајдоа начин за да ја затресат противничката мрежа, а потоа на сцена стапи Кашемиро во улога на напаѓач.
Бразилецот погоди во 54.минута за водство, а потоа уште еднаш се запиша меѓу стрелците само четири минути подоцна. Третиот гол на Јунајтед беше дело на Фред. Енди Керол доби црвен картон кај гостите, а единствениот гол за Ридинг го постигна Мбенге.
„Ѓаволите“ постигнаа гол и во првото полувреме преку Маркус Рашфорд, но истиот беше поништен поради офсајд.