Антоан Гризман е една од енигмите во светот на фудбалот оваа сезона, бидејќи на шест натпревари влезе во игра веднаш по 60. минута, а причината е што Атлетико Мадрид пресметал дека така нема да мора да се обврзе кон Барселона да ја плати клаузулата за 40 милиони евра.
Минатото лето Гризман се врати во Атлетико на двегодишна позајмица, по што клубот од Мадрид мора да го откупи за 40 милиони евра доколку помине повеќе од 50% од своето време на теренот.
Откако минатата сезона беше стандарден, а потоа падна во формата, Атлетико пресмета дека доколку Французинот игра на секој натпревар од 60. минута, нема да мора да плати 40 милиони.
Барса така остана во проблем, се закани со тужба, но јасно е дека е тешко да се докаже што всушност прави Атлетико. Затоа денеска пристигнуваат информации дека Барса и Атлетико ќе постигнат договор за откуп за 25 милиони евра, 15 помалку од сумата наведена во договорот.
Тоа е голем удар за Барса која за Гризман плати 120 милиони евра во летото 2019 година и патем го направи вториот најплатен играч зад Лео Меси со годишна плата од 23 милиони евра.
Токму поради таа плата Барса не сака да ризикува со неговото враќање, особено ако Атлетико го врати следното лето, Гризман сигурно ќе биде на попуст бидејќи влегува во последната година од договорот.
Барса пресмета дека ќе им одговара да земат 25 милиони евра, само за да не се врати преплатениот Гризман. Атлетико секако направи одлична зделка, заработи 120 милиони во 2019 година, а во 2023 година ќе го врати за речиси 100 милиони помалку.